Karolina Goceva - Koj da mi zapee
Сѐ јас сум си
сама во сенките густи
Кој сите дни предолги
да ми ги скуси?
Душичке ранета,
кој ли да те прегрне?
Без него сега кој,
кој ли да ти пее,
на белиов свет?
(припев)
Еј, што ми беше
срцето живо
еј, што си имав
со него живот
ах, што се скина,
небото сето,
жедна сум жедна за пој.
Ех, што ми беше времето свето
ко поле со јорговани сето
ах, домот мраз го стори сред лето
жедна сум жедна за пој.
Кој да ми запее, кој?
Трај, мисло трај,
замолчи пред моиве усни
мир, трошка дај,
очиве полиња пусти
Душичке ранета,
кој ли да те прегрне?
Без него сега кој,
кој ли да ти пее,
на белиов свет?
(припев)
Еј, што ми беше
срцето живо
еј, што си имав
со него живот
ах, што се скина,
небото сето,
жедна сум жедна за пој.
Ех, што ми беше времето свето
ко поле со јорговани сето
ах, домот мраз го стори сред лето
жедна сум жедна за пој.
Кој да ми запее, кој?
크로아티아 어로 번역.2014년 발매.앨범 Makedonsko devojče 2 중에서.
|